Rework е едукативен центар во Скопје кој е посветен на едукација и стекнување на дигитални вештини. Нуди кратки и долги курсеви кои се скроени и креирани да овозможат интензивна, интерактивна и специјализирана обука во разни полиња на дигиталната технологија.
Rework е формиран на иницијатива на професионалци и ентузијасти со работно искуство од софтвер, дигитален маркетинг и графички дизајн. Нашата идеја и цел беше да создадеме место каде разменуваме идеи, знаење, каде соработуваме и експертите ќе може да го преточат своето знаење во форма на краток курс или пак академија. Покрај обука на млади кадри работиме на тоа да се создаде заедница која активно ќе разменува знаење и технологија.
Како што технологијата се движи со огромна брзина со имплементација на новите алатки и начини на работа, така ние треба да се адаптираме, надградиме и доквалификуваме рамо до рамо со светските трендови. Затоа го формиравме Rework! Во Rework ќе може преку неформални и интерактивни обуки и курсеви да се стекнат сите вештини кои ви се потребни. Ова е место каде се учи Дигитален Маркетинг, Програмирање, 3D Дизајн, Game Дизајн и Графички Дизајн.