Зошто да учиш дигитални вештини?!

Зошто да учиш дигитални вештини?!

Во услови на динамично општество, каде сите аспекти на глобалните пазари доживуваат промени, пазарот на трудот не е исклучок од таквите трендови. Така, професиите кои до скоро беа најплатени професии, го отстапуваат местото на професии од друга природа. Таа друга природа се ИТ- Дигиталните професии. Под притисокот на општествените, социјалните но најмногу технолошките промени, се отвори голема врата на младите девелопери, дата аналитичари, графички и 3Д дизајнери и слично. Во последната декада во Македонија има голем успех во обидот да ги следи светските трендови и понудата на ИТ кадар во самата држава и надвор од неа. Отворени се голем број на странски ИТ компании. Во овие компании се вработени голем број на млади програмери, дизајнери и девелопери. Покрај високото образование за кое се определуваат дел од младите, голем дел млади исто така избира изучување на неформални академии и курсеви, а постојат и самоуки кадри. Самите професии го дозволуваат тоа, бидејки развојот на овие професии (UX Дизајн, Data Science, Digital Marketing) се движи брзо, а формалното образование тешко ги следи новите технологии и методи. Изборот на дигиталните професии е вистински и сигурен избор во овој момент, но истовремено тој бара огромна посветеност, учење и следење на светските трендови. 

 

Зошто да учиш дигитални вештини!

 

Во свет во кој летечките автомобили, смарт телевизори, вештачка интелигенција и роботи се реалност, не треба многу да размислуваш пред да решиш да го следиш трендот и да стартуваш со совладување на дигитални вештини што поскоро. На тој начин освен што ќе се подобриш и надградиш себе си, ќе се подготвиш и да ги пречекаш и разбереш технолошките предизвици со кои уште утре би можеле сите да се соочиме. Ова време повеќе од било кога во историјата носи брзи промени кои треба со сигурност да ги гледаме како можности! Ова е можност која нуди едноставно и брзо да се адаптираш, да ја промениш твојата кариера, да заработиш подобра плата, да станеш сам свој шеф, а можеби најважно, да станеш финансиски независен!

 

Кои се технолошките трендови?

Кои се тие дигитални вештини?

Што да научам?

 

Веб Дизајн, Програмер, Дигитален Маркетинг, Видео Монтажа, Графички Дизјан, Пишување на содржини, Развој на Апликации, Дата Анализа итн...Изборот е голем!

Колку и страшно да ти звучат овие професии треба да знаеш дека секој може да научи сет на дигитални вештини и да ја работи оваа професија. Прашањето е дали имаш страст и желба да ги научиш за да станеш експерт?

 

Зошто да се одлучам за дигитални вештини?

 

Прв и најважен момент за секого е тоа што се работи за добро платени професии. Дигиталните професии и вештини загарантирано носат и високи плати, но исто така колку си подобар во тоа што го работиш, толку повеќе ќе има потреба од твоите услуги. Тоа оди правопропорционално со секојдневната еволуција на дигиталниот свет а иднината ветува голема потреба од овие кадри и професии.

 

Оттука, без оглед на тоа која е твојата професија, дали си во потрага по работа или промена на сегашната, почни да учиш и да стекнуваш дигитални вештини.

 

Компаниите исто така мораат да се приспособат на новите времиња и најновите трендови. Тие полека сфаќаат дека нивните клиенти, корисници и купувачи се на интернет. Секој бизнис, без разлика на дејноста, се обидува да се пласира online и да го зголеми своето присуство преку web, дигитален маркетинг, мобилни апликации, блог содржини, пр-текстови и социјални медиуми. Процесот на автоматизација на компаниите неминовно доведува до намалување на бројот на вработени, а оние луѓе кои ќе ги задржат своите работни места, ќе треба да почнат или веќе да ја имаат направено својата дигитална трансформација.

 

Така промената на кариерата не треба воопшто да звучи страшно туку да те мотивира. Вообичаено одлуката да се остане на канцелариското столче и да се користи финансиската стабилност која што ја овозможува една професија е нормална работа. Но, поважно од тоа е да почнеш да го работиш тоа што го сакаш. Време е да го трошиш истото време работејќи и заработувајќи повеќе.

 

Како да започнам?

 

Со стекнување на дигитални вештини можеш да почнеш сам да заработуваш. Никој не може да те спречи да ја основаш твојата дигитална компанија утре. Искористи ја шансата и научи ги дигиталните вештини во твоето слободно време. Почни да работиш постепено како freelаnce-ер, најпрво за пријателите, па потоа со пријатели на тие пријатели и така шири ја својата мрежа. Oткако ќе се стекнеш со потребното знаење, искуство и самодоверба ќе можеш да ја ублажиш транзицијата и така да ја промениш својата професија.

 

Да сумираме:

 

Патот да го работиш тоа што го сакаш и тоа што финансиски ќе те награди е лесен. Почни веднаш  да ги учиш дигиталните вештини и да се стекнуваш со нови квалификации кои се во тек со дигиталната ера во која живееме. Храбро зачекори во едукација и надгради се за да можеш да ги зграпчиш придобивките на дигиталниот свет и да го обезбедиш својот успех на долг рок.

Rework е тука за да ти ја даде потребната oбука. Заедно ќе направиме план и консултации за целиот процес. Без разлика на тоа дали бараш почеток на твојата кариера, промена на твојата работа, раст на твојот бизнис или пак унапредување на твојата професионална позиција... Не го игнорирај учењето на дигиталните вештини туку започни веднаш!

Закажи бесплатна консултација

Matea Londza Shumkovska
30/10/2020