Примена на вештините од Курсот за Односи со Јавност!

Примена на вештините од Курсот за Односи со Јавност!

Дали доволно добро ја познавате историјата и почетоците на односите со јавноста? Како дејност и занает, PR постои со векови наназад. Од појавата на првите пештерски цртежи до античките Египjани и Хелени, од средновековието до денешен ден, луѓето користеле уреди и канали за да си ги пренесуваат важните инофрмации едни на други и да ги одржуваат своите следбеници свесни за се што се случува околу нив.

 

Овие методи на комуникација помогнаа во обликувањето на тоа што денес го знаеме како Односи со Јавноста.

 

На курсот за Односи со Јавноста, предводен од ПР Експертот Елена Димовска, ќе имате можност да ги научите основите на ПР и корпоративните комуникации преку практични и реални примери. Ќе дознаете повеќе за интерните и екстерните комуникации, корпоративното комуницирање на социјални медиуму, општествена одговорност (CSR), прес клипинг и многу други интересни модули.

 

ПР-от денеска е доста привлечна дејност, и со завршување на нашиот курс, вие имате можност да изберете од широкиот спектар на работни позиции кои ќе одговараат на вашите вештини – како на пример:

 

- Одговорен/Вработен за односи со јавност, 
- Одговрен за CSR, 
- Медиа Координатор, 
- Експерт за коорпоративни комуникации, 
- Одговорен за Брендинг на Вработените.

 

Уписите за ПР курсот на Rework се во тек! Дознајте повеќе информации на слединот линк:
https://rework.mk/courses/34/-pr--kurs-za-odnosi-so-javnost