Зошто најголемите компании го користат WordPress и кои се предностите на истиот?

Зошто најголемите компании го користат WordPress и кои се предностите на истиот?

Една од вообичаените забуни за WordPress е дека бидејќи е open-source, можеби не е доволно добар за големите и светски-познатите брендови. Но сепак постои голем број на познати имиња кои го користат WordPress за своите страници.

  1. WordPress е најполуарниот CMS ( Content Management Software) во светот

Повеќе веб-страни ги користат услугите на WordPress отколку кој било друг CMS во светот. Поточно, WordPress веб-страните  офаќаат 4.5% од целата индустрија на веб-страни.

Некаде помеѓу 50% и 60% од страниците што користат CMS се креирани на WordPress. Секоја секунда од секој ден, на WordPress страниците се објавуваат по 17 блогови.

  1. Постојат многу познати веб-страници кои ги користат услугите на WordPress

Блог страницата на CNN, Reuters, The Wall Street Journal и Forbes се создадени благодарение на WordPress . Други впечатливи брендови кои ја користат моќта на WordPress се и Facebook ( Facebook Newsroom), Harvard Business Review, NASA и многу други.

  1. Додатоци (Plugins) кои додаваат дополнителни функционалности  на WordPress без кодирање

WordPress ви овозможува да ја унапредите вашата работа преку употребата на корисни додатоци. Постојат Бесплатни и Платени додатоци кои што буквално можат да направат сè што сакате, без никаква потреба да пишувате кодови од нула.

Дополнително, доколку имате познавање од PHP (Програмскиот јазик на кој е напишан WordPress), ќе можете сами да ги ажурирате веќе постоечките додатоци, или пак да создадете ваш сопствен додаток.

Искуствата со WordPress можат да ви послужат дури и да не сакате да бидете Web Developer

Програмерите не се единствените технолошки професионалци на кои им се потребни WordPress вештините. Претприемачите можат да имаат голема корист од познавањето на WordPress, бидејќи таа е толку одлична алатка за поставување на интернет бизнис ( онлајн продавници, landing pages и повеќе). Со правилно поставување на WordPress страницата, прилагодување на темата и инсталација на правилните додатоци, вие може да заштедите голем дел од вашиот буџет.

Маркетерите исто така можат да профитираат со познавање на WordPress вештини. Со WordPress можат да се создаваат landing pages и блогови кои претставуваат клучен елемент од работата на еден маркетер. Познавањето на WordPress во целост ви озможува да извршите на одредени корекции на страницата, без предходно да чекате на програмерите да ја завршат таа работа.

WordPress е одличен за Freelancing

Покрај работењето во агенција или коорпорација, со WordPress може да се работи и хонорарно. Без разлика дали сакате да понудите основни услуги како поставување на страницата и прилагодување на темата, или да одите на “all in” со целосно customized страници со секакво позадинско програмирање, WordPress e тука да ви понуди голема листа на можности.

WordPress е целосно бесплатен за користење.

WordPress е потполно бесплатен и е open-source. Никогаш од вас нема да се побара да платите за да го користите WordPress, а притоа ќе можете да ги искористите сите нивни поволности. WordPress може да го користите за креирање на било какви и било колку веб-страни без да купите дополнителни лиценци. Исто така, постојат повеќе од 45,000 бесплатни додатоци и теми за веб-страници кои што можете да ги искористите и да ги прилагодите според содржината на вашата веб-страна.

Заклучок

WordPress страниците се лесни за менаџирање, како од аспект на одржување, така и од аспект на клиентот за менаџирање на сосодржината на страницата. Бидејќи WordPress постои толку долго (прв пат беше објавен во 2003 година), на располагање имате огромна онлајн заедница и обемна документација.

Дали сте подготвени да начите повеќе и да прераснете во WordPress експерт? Посетете го нашиот линк и аплицирајте онлајн!

https://rework.mk/courses/33/wordpress