Дигитален маркетинг. На што се однесува и кои се неговите главни предности?

Дигитален маркетинг. На што се однесува и кои се неговите главни предности?

Сигурно веќе си се сретнал со поимот дигитален маркетинг во многу наврати, но дали знаеш на што точно се однесува? На кој начин се разликува од традиционалниот и зошто е must have буквално за секој бизнис во 21 век? Еве еден краток вовед во формите на дигиталниот маркетинг и неговите главни предности.

 

Па, накратко - секој маркетинг што користи електронски уреди за пренесување на промотивни пораки и мерење на нивното влијание е дигитален маркетинг.

 

Во пракса, тој обично се однесува на маркетинг кампањи што се појавуваат онлајн, на компјутер, смартфон, таблет или друг уред. Може да има многу форми, вклучително и онлајн видеа, онлајн реклами и објави на социјалните мрежи. Дигиталниот маркетинг честопати се споредува со традиционалниот маркетинг, како што се реклами за списанија, билборди и директна пошта, но иако имаат голем број сличности, сепак се разликуваат во многу сегменти. Како маркетер, важно е да знаеш да ги искористиш предностите на дигиталниот свет со онлајн присуство, преку градење на бренд, обезбедување на одлично искуство на клиентите, кое at the end of the day носи повеќе потенцијални клиенти и многу повеќе, со добра дигитална стратегија. Дигиталниот маркетинг, исто така наречен и интернет маркетинг, накратко кажано е промоција на брендовите за поврзување со потенцијални клиенти користејќи интернет и други форми на дигитална комуникација. Ова вклучува не само e-mail, социјални медиуми и веб-рекламирање, туку и текстуални и мултимедијални пораки како маркетинг канал. Во суштина, секоја маркетинг кампањата која вклучува дигитална комуникација, се смета за дигитален маркетинг

 

Видови на дигитален маркетинг

 

Сега, кога ја знаеш “дефиницијата” за поимот дигитален маркетинг, време е да ги прегледаш неговите најчесто употребувани видови или форми. Во рамките на дигиталниот маркетинг постојат толку многу специјализации како начини на интеракција со користење на дигитални медиуми. Еве неколку клучни примери:

 

- Content marketing

 

Накратко, стратегија заснована на дистрибуција на вредна и релевантна содржина до целната публика. Како и во секоја маркетинг стратегија, целта на контент маркетингот е да привлече потенцијални потрошувачи кои на крајот се претвораат во клиенти. Но, тоа го прави поинаку од традиционалното рекламирање. Колку и да е ефикасен контент маркетингот, тој може да биде tricky. Маркетерите кои се занимаваат со оваа форма, треба да бидат способни да напишат содржина која ќе овозможи да се рангираат високо во резултатите од пребарувачот (search engine optimization), истовремено да создадат engagement кај оние кои ќе го читаат материјалот, да ги насочи да го споделуваат и понатаму да комуницираат со брендот. Кога содржината е релевантна, таа може да воспостави силни односи помеѓу брендот и неговата публика.

 

- Social media marketing

 

Social media маркетингот значи насочување на сообраќај (traffic) и подигање на свесност за брендот со вклучување на луѓето во дискусија онлајн. Најпопуларните платформи за маркетинг на социјалните медиуми се Facebook, Instagram и Twitter, LinkedIn, YouTube. Бидејќи оваа форма на маркетинг вклучува активно учество на публиката, тој стана исклучително популарен начин за привлекување внимание. Social media маркетингот нуди вградени метрики за мерење на engagement, кои се исклучително корисни за да ти помогнат да разбереш колку добро ја достигнуваш својата публика. На тебе останува да одлучиш кои видови интеракции ти значат најмногу, без разлика дали тоа значи број на споделувања, коментари или вкупни кликови на твојата веб страница.

 

- Pay-per-click marketing

 

Накратко, pay-per-click или PPC маркетинг значи објавување на реклама на одредена платформа и плаќање за истата секој пат кога некој ќе кликне на неа. Секоја PPC кампања има една или повеќе целни активности што гледачите би требало да ги извршат откако ќе кликнат на рекламата. Овие дејства се познати како конверзии и тие можат да бидат трансакциски или нетрансакциски. Да се изврши купување е конверзија, но исто така е и регистрација на newsletter или повик упатен до твојата канцеларија. Што и да одбереш како целна конверзија, можеш да ја следиш преку твојата избрана платформа за да имаш увид во тоа како се одвива твојата кампања.

 

- E-mail marketing

 

Концептот на е-mail маркетинг е едноставен - испраќаш промотивна порака преку е-mail и се надеваш дека твојата потенцијална публика ќе кликне на неа. Сепак, извршувањето е многу посложено. Стратегиите за е-mail маркетинг обично имаат за цел да постигнат една или повеќе од трите основни цели: да градат лојалност, доверба или свесност за брендот. Терминот обично се однесува на испраќање промотивни пораки со цел да се подобрат односите на брендот со сегашните клиенти, да се поттикне лојалноста на клиентот и да се повтори деловната активност, да се добијат нови клиенти или да се убедат сегашните клиенти да купат одреден производ или услуга веднаш. E-mail маркетингот е докажана, ефективна техника сама по себе; голем процент од бизнисите ја издвојуваат како најефективен генератор на потенцијални клиенти.

 

- SEO

 

Search Engine Optimization или SEO технички е повеќе маркетинг алатка отколку форма на маркетинг. Многу често е дефинирана како “наука и уметност за креирање на веб страници привлечни за пребарувачите”. Сeпак, делот " наука и уметност" е оној најважниот. SEO е наука затоа што бара од тебе да истражуваш и да измериш различни фактори што придонесуваат за да се постигне највисок можен ранг. Стратешката употреба на елементите што треба да се земат предвид при оптимизирање на една веб страница ја прави SEO наука, но вклучената непредвидливост ja прави уметност. Во оптимизацијата, нема рубрика за проценка или конзистентно правило за високо рангирање. Google го менува својот алгоритам скоро постојано, па затоа е невозможно да се направат точни предвидувања. Она што можеш да го направиш е внимателно да ги следиш перформансите на твојата страница и да направиш соодветно прилагодување.

 

 

Кои се клучните придобивки од дигиталниот маркетинг?

 

Мораме да се согласиме со фактот дека интернетот е неверојатно моќен во споредба со традиционалните маркетинг канали. Дигиталниот маркетинг стана истакнат во голема мера во последните години затоа што пред сè може да достигне толку широка публика од една страна, но истовремено да таргетира и многу специфични сегменти, но покрај тоа нуди и низа други предности. Еве некои од нив:

 

    - Широк географски reach

Кога објавуваш реклама онлајн, луѓето можат да ја видат каде и да се наоѓаат (под услов да не си ја ограничил твојата реклама географски). Ова го олеснува растот на reach на твојот бизнис на пазарот.

 

    - Ефикасност на трошоците

Со дигиталниот маркетинг, можеш да создадеш само една содржина што ги привлекува посетителите на твојот блог сè додека е активна. Можеш да креираш е-mail кампања што доставува пораки до дефинирани списоци на клиенти on a schedule и лесно е да го промениш истиот или содржината доколку е потребно. На крајот, дигиталниот маркетинг ти дава многу поголема флексибилност и контакт со клиентите за потрошената сума за твојата реклама.

 

    - Квантитативни резултати

Не секогаш постои опција да прашаш клиент: „Како нè најдовте?“ Со дигиталниот маркетинг, следењето на резултатите е едноставно. Софтверите и платформите за дигитален маркетинг автоматски го следат бројот на посакувани конверзии што ги добиваш, без разлика дали тоа значи стапка на отворени е-mail-ови, посети на твојот landing page или директни купувања.

 

    - Полесна персонализација

Дигиталниот маркетинг ти овозможува да собираш податоци за клиенти на начин на кој офлајн маркетингот не може. Податоците собрани дигитално имаат тенденција да бидат многу попрецизни и поспецифични.

 

    - Поголема поврзаност со клиентите

Дигиталниот маркетинг ти овозможува да комуницираш со твоите клиенти во реално време. Што е уште поважно, им овозможува и нив да комуницираат со тебе. Одлично е кога твојата целна публика го гледа твојот последен пост, но уште подобро е кога го коментира или го споделува. Тоа значи поголем engagement околу твојот производ или услуга, како и зголемена видливост секогаш кога некој ќе се приклучи на разговорот. Ова може да создаде силно чувство на лојалност кон брендот.

 

    - Лесни и практични конверзии

Дигиталниот маркетинг им овозможува на твоите клиенти да преземат активности веднаш по прегледувањето на твојата реклама или содржина. Тие можат да кликнат на линк или да зачуваат блог објава и веднаш да се движат по продажната инка. Можеби нема да направат купување веднаш, но тие ќе останат поврзани со тебе и ќе ти дадат можност да комуницираш понатаму со нив.

 

 

Да заклучиме – дигиталниот маркетинг создава раст

 

Несомнено е – ако сакаш твојот бизнис да опстане во оваа дигитална џунгла на модерното време, дигиталниот маркетинг треба да биде еден од примарните фокуси на твојата скоро целокупна маркетинг стратегија. Никогаш порано немало начин да останеш во таков постојан контакт со твоите клиенти и ништо друго не го нуди нивото на персонализација што може да го обезбедат дигиталните податоци. Колку повеќе ги прифаќаш можностите кои ги нуди дигиталниот маркетинг, толку повеќе ќе можеш да го реализираш потенцијалот за раст на твојата компанија. Како и да е, ако си спремен да го истражиш дигиталниот свет, без разлика на тоа дали сакаш да имплементираш дигитална стратегија за твојот бизнис, да стекнеш стручно усовршување во доменот на дигитланиот маркетинг, или можеби да направиш пресврт во твојата професионална птофесија, Rework е дефинитивно местото каде што треба да се обратиш.Нашата Академија за дигитален маркетинг ќе те запознае со секој сегмент одделно, ќе ти овозможи да откриеш кој дел ти претставува најголемо поле на интерес, да се усовршиш и да бидеш спремен да одговориш на сите дигитални предизвици на современото бизнис работење.

 

Побрај консултација, повели на Rework Workshop и запознај се детално со целосната програма на Академијата за дигитален маркетинг. Прочитај повеќе тука