Преку Rework Company, тимот на СиТ Македонија помина низ обука за React и научи целосно нова технологија.

Преку Rework Company, тимот на СиТ Македонија помина низ обука за React и научи целосно нова технологија.

Почнувајќи од првична потреба од обука во сферата на дигиталните технологии, до обучен тим, со стекнати соодветни и веднаш применливи вештини, спремен на најдобар начин да одговори на современите бизнис предизвици.

 

Ако се прашуваш како изгледаат нашите custom-tailored обуки за компании прочитај ја приказната за Александар кој реши на себе и својот тим да му овозможи надоградување на вештините и неверојатен прогрес.

 

СиТ Македонија е компанија снабдувач на IT услуги, која интегрира целосни IT решенија што ги исполнуваат техничките, оперативните и финансиските цели на своите клиенти од различни видови на индустрии, нудејќи IT продукти, бизнис решенија и професионални услуги. Со седиште во Виена, Австрија, гупацијата СиТ има подружници во 30 земји со околу 6.000 вработени ширум светот и е извор на широк спектар на услуги: од развој и производство на производи, па сѐ до имплементација и работење.

 

Во согласност во вредностите на кои се заснова, односно “клиентите на прво место”, компанијата континуирано инвестира во програми за обука и доедукација, за да ја подигне компетентноста и професионалноста на своите вработени што ќе донесе до зајакнување на квалитетот на своите услуги.

 

Па така, овојпат нивниот избор беше токму Rework Company, каде што 8 учесници од претставништвото на СиТ во Скопје поминаа 6 неделна обука за React, предводена од нашиот искусен предавач Атанас Лаброски, софтверски инженер во H4 Services со повеќе одговорности, од full stuck апликации до microservice BE модули. Неговото повеќегодишно искуство вклучува работење во различни улоги, од помлад инженер до технички координатор на повеќе проекти (Java Spring + React, Angular, Vanilla JS итн.), како и неколку помали Android игри и други проекти.

 

 

React, или познат како ReactJS е бесплатна и open-source JavaScript front-end библиотека за градење кориснички интерфејс или UI компоненти, одржувана од Facebook и заедница од индивидуални развивачи и компании. React може да се користи како основа во развојот на single-page или мобилни апликации, а креирањето на React апликации обично бара употреба на дополнителни библиотеки за рутирање, како и одредени функционалности од страна на клиентите.

 

Денес, листата на корисници на React е многу голема, вклучувајќи ги на пример Netflix, New York Times, Yahoo, Dropbox и многу други, има навистина активна заедница на корисници и одлична документација. React им овозможува на корисниците да креираат големи мобилни и веб апликации кои можат да чуваат и менуваат податоци на страниците, без притоа истите да бидат повторно рефреширани. Главната цел на React е да биде брз, лесно прилагодлив и едноставен за имплементација.

 

Согласно барањата и потребите на тимот од СиТ, креиравме специјализирана обука на темата, каде што взаемно ја дефиниравме целокупната стратегија на реализирање и временската рамка. Низ 6 неделната обука, нашите студенти поминаа повеќе модули, почнувајќи од вовед во основите на React, неговите компоненти, својства и состојби, па сè до тестирање и практични примери. Горди сме на фактот што, по завршувањето на обуката, им овозможивме на учесниците да се стекнат со нови знаења, да ги усовршат своите вештини и да бидат спремни да одговорат на нови предизвици.

 

Покрај тоа, дополнително мотивирачки е фактот што добивме исклучително позитивни коментари од учесниците, па еве што Александар сподели со нас за неговото искуство:

“Се регистриравме за B2B едукативен курс за Front-end devlopment со надеж дека ќе го подобриме нашиот софтверски производ… Но, заминавме со многу повеќе.

Научивме целосно нова технологија со темпо прилагодено на нашите потреби. Постепено преминавме од едноставна форма, на целосно развиена професионална страница.

Курсот не само што беше забавен и предизвикувачки, туку и директниот feedback од инструкторот во однос на усовршување беа непроценливи. Тој имаше мирен и логичен метод на настава што навистина го поврза и инспирираше нашиот тим. Не можам да зборувам highly enough за ова искуство.”

 

Ако сакаш и ти да ја зголемиш продуктивноста на твојот тим, да инвестираш во развојот на твоите вработени и да им помогнеш да се стекнат со нови вештини за да можат да одговорат на современите бизнис предизвици, Rework Company е дефинитивно местото каде што треба да се обратиш.

 

Закажи средба и заедно ќе скроиме курс по твоја мерка за твојата компанија.

 

Дознај повеќе на линкот:

https://rework.mk/companies