Tips and Tricks за одлично CV!

Tips and Tricks за одлично CV!

CV, Curriculum Vitae, резиме, персонална биографија... Документ, кој накратко го опишува прегледот на животот и квалификациите, и пренесени преку парче хартија го формира првиот впечаток кој потенцијалниот работодавач го има за тебе. Општо прифатено правило е дека добро CV треба да ги содржи пред сè твоите лични податоци, образование, искуство, па сè до признанија и достигнувања, интереси и други податоци кои се важни за идниот работен однос.

Составувањето на CV и опишувањето на своите квалитети e предизвик особено кога го изработуваш непосредно пред да аплицираш. Исцрпувачка е задачата да составиш документ преку кој некој треба да те процени тебе и твоите долгогодишни достигнувања од само една до две страни. За среќа, вистината е дека не постои совршено CV. Денес, пребарувајќи на интернет можеш да дојдеш до многубројни совети кои ќе ти помогнат во совладување на вештината. Прочитај подолу неколку tips and tricks во однос на тоа како подобро да го склопиш твоето CV и нека ти послужат како водич при следната апликација за работа.

 

Флексибилност

Поголемиот дел од кандидатите при аплицирање за некоја работа го формираат своето CV врз основа на некој веќе постоечки template на биографија, кој е доволен да ги претстави сите вештини, но не го доловува вистинскиот индивидуален пристап кој би требало да е адаптиран според своите потреби, како и барањата на работното место за кое аплицираш. Обиди се да го прилагодиш твојот омилен template согласно описот на работната позиција, исклучи ги секциите кои се нерелевантни и додади ги оние вештини што сметаш дека се директно поврзано со истата. И никако немој да го користиш Euro Pass :)

 

Резиме

Кратко intro за тебе. Еден од најчестите проблеми при составување на сопственото резиме е да си заглавен во средината помеѓу фактот од една страна да не звучиш премногу нападно и надмоќно, но во истовреме доволно самоуверено за да оставиш убедувачки и мотивирачки впечаток кај потенцијалниот работодавач што ќе придонесе да бидеш повикан на разговор. Истакни ги главните карактеристики, јасно и концизно. Не пишувај долги текстови, не претерувај со додавање на придавки. Напомени ги своите најдобри вештини, и посочи што е она што те прави специфичен, поинаков од останатите. 

 

Професионално искуство

Информациите за твоето досегашно професионално искуство треба да бидат претставени во обратно хронолошки редослед, односно почнувајќи од она што си го работел неодамна или последно. Наведи ги сите релевантни професионални искуства и потенцирај ја временската рамка на одредена работна функција. Доколку си во работен однос, наведи го тоа. Нагласи ги работните ангажмани при секоја работна позиција која си ја имал, кои биле твоите задачи, што си научил од нив и на кој начин си го надградил своето знаење и вештини. Накратко објасни ги обврските и одговорностите кои ти биле дадени и не заборавај да ги истакнеш достигнувањата, односно она со што на било каков начин си придонел за компанијата. Имплементирање на лични идеи, придонес кон зголемување на продажбата или привлекување нови клиенти за кои си добил пофалби од страна на работодавачот би претставувале голема предност. 

 

Образование

Основно правило при формирање на CV е на почетокот да го прикажеш своето последно образование. Доколку имаш завршено до-дипломски, или уште подобро пост-дипломски студии, тоа треба да биде првиот bullet point во секцијата која го прикажува твоето досегашно образование. Во тој случај, истакнувањето на основното и средното образование не треба да пополнуваат место во твоето CV. Наместо тоа, надополни го овој дел со дополнителни надградувања стекнати при твоето формално образование. 

 

Дополнителни информации – способности, интереси, вештини 

Покрај приказот на работното искуство и образованието кое го имаш, дополнителните информации за тебе се особено важна секција при составувањето на добро CV. Во зависност од позицијата за која аплицираш, потребно е да процениш која твоја лична или професионална способност или вештина може да ти помогне да се издвоиш од другите кандидати. Познавање на странски јазици и еден од главните елементи на оваа секција. Не заборавај да го посочиш нивото на познавање на одреден јазик. Наведи кои компјутерски програми ги владееш, но внимавај да ги исклучиш нерелевантните со работната позиција. Твоите лични интереси и хобија можат да придонесат за градење на одредена слика за тебе како личност кај потенцијалниот работодавач, но премногу долгата листа може да остави впечаток дека сакаш да го пополниш твоето CV со не толку важни информации. 

Еве уште неколку кратки tips and tricks кои ќе ти помогнат во составување на добро CV:

•    Нагласи ги твоите предности и квалитети
•    Наведи ги оние информации кои те препорачуваат за работата за која аплицираш
•    Биди јасен и прецизен
•    Употребувај вистинските зборови
•    Концентрирај се на значајните аспекти од твоето професионално искуство
•    Користи примери од достигнувања за своите лични и професионални вештини 
•    Нагласи ја твојата амбиција кон постојано усовршување

Она што е особено ценето во последните години е моќта на неформалното образование. Не заборавај да ги напоменеш твоите награди, признанија, постигнувања или добиени сертификати што не се дел од твоето формално образование. Задолжително вметни дел во твоето CV каде ќе ги прикажеш сите пракси кои си ги посетувал, проекти на кои си учествувал, курсеви или обуки со кои си ги надградил своите квалитети и си се стекнал со нови вештини. Тоа е она што несомнено ти дава предност пред конкурентските кандидати.

 

Како последен совет би ги одвоиле вештините или skills во твоето CV!

Кратки курсеви на кои се стекнуваш со одредени (најчесто дигитални) вештини во голема мера помагаат кон тоа да се издвоиш од другите кандидати. Дали е тоа ПР комуникациска вештина, дигитален маркетинг преку социјални медиуми, пишување на блог/пост содржини или дизајн на креативи веднаш се издвојуваат од купот CV-a. Тоа е поради фактот што во денешно време сите компании сакаат да го зголемат својот дигитален footprint па токму овие вештини помагаат при изборот на кандидати.

Затоа тука е rework да ти помогне брзо и интензивно да се стекнеш со конкретно знаење и да се стекнеш со нова дигитална вештина.

 

За крај 

Не заборавај дека твоето CV е она што го создава првиот впечаток и со негова помош треба да “се продадеш” себеси кај потенцијалниот работодавач. Не престанувај да вложуваш во себе и своето образование и почни веднаш да учиш нови вештини кои ќе ти помогнат да се усовршиш и полесно да дојдеш со работната позиција која ја посакуваш.

Тимот на Rework ќе ти овозможи обука со која ќе инвестираш во својот успех на долг рок.

 

 

 

 

 

Matea Londza Shumkovska
16/12/2020