Која е разликата? | Facebook Ads vs. LinkedIn Ads

Која е разликата? | Facebook Ads vs. LinkedIn Ads

Facebook Ads vs. LinkedIn Ads


Која е разликата помеѓу овие две платформи и како да ја одбереш соодветната за твојата кампања?

Постојат голем број social media платформи кои нудат низа поволности, но сепак, донесувањето на правилната одлука за тоа која би била соодветна за имплементирање на твојата рекламна кампања одзема многу време и внимание.Facebook и LinkedIn се двете најпознати од овој вид. Иако двете платформи работат на слична основа, сепак секој од нив има различни функционалности и потенцијал да допре до одредена публика. Изборот на соодветна платформа за одредена кампања зависи од многу фактори, пред сè самиот бренд, маркетинг стратегијата и нејзините основни цели.Како да знаеме што да одбереме? Ајде да продреме подлабоко и да дознаеме!

 

Публика


Facebook рекламите имаат тенденција да допрат до публиката од лична природа, заради фактот што платформата најчесто се користи за комуникација со семејството и пријателите. Од друга страна, LinkedIn е позната како попрофесионална платформа, чии што корисници се заинтересирани за професионално вмрежување, добивање на совети за теми поврзани со кариера и соработка со истомисленици. Така, доколку си бренд кој продава производи за потрошувачи, Facebook може да биде твојата подобра публика. Меѓутоа, доколку сакаш да понудиш B2B прозиводи или услуги, LinkedIn е веројатно подобрата опција за рекламирање.

 

Видови на реклами


Кога зборуваме за типот на рекламите помеѓу Facebook и LinkedIn, Facebook нуди неколку опции повеќе за рекламирање, што значи дека можеш да одбереш од поширок избор на формати за да создадеш реклама каква што замислуваш. Некои од тие формати вклучуваат photo ads, video ads, carousel ads, story ads, messanger ads и многу други. Од друга страна, LinkedIn нуди неколку опции исто така, display ads, sponsored content, sponsored inmail, text ads, dynamic ads. Она што е заедничко за двете платформи и опцијата за lead generation формулари. Генерално, двете платформи овозможуваат разновидни опции за рекламирање, сепак, твојата кампања и нејзините цели ја играат клучната улога при избор на соодветната.

 

Таргетирање


Двете платформи овозможуваат одлични опции за таргетирање, како на пример можност за таргетирање на публика која е слична на одредена основна публика. Предноста на Facebook во поглед на таргетирање се однесува на можноста за маркетерите да користат реални податоци при таргетирање (демографија, локација и сл.), како и можноста за таргетирање на публики според некои нивни интереси или друга психографија. Facebook рекламите имаат напредни способности, па така твојата кампања може да се оптимизира за постигнување на подобри резултати. За разлика од Facebook, податоците на LinkedIn корисниците се порелевантни, особено од професионален аспект, па така маркетерите ги користат истите за таргетирање на публика според компании, одредени работни титули итн.

 

Трошоци


Со рекламирање на двете платформи можеш да одбереш колку точно ќе потрошиш. Споредбта ќе ти покаже дека Facebook е поефтина платформа за рекламирање, но сепак, фактот што ќе плаќаш помалку за кликнување на Facebook не значи дека нема нема да добиеш подобри резултати од рекламирање на LinkedIn. На крај, сè зависи од тоа кон кого целиш и што сакаш да добиеш од одредена кампања.

 

Аналитика


Facebook и LinkedIn имаат слични аналитички способности. Facebook нуди можност за аналисирање на кампањите преку Page Insights, кој овозможува мерење на перформансите и е поделен на неколку делови: overview, likes, visits, reach, people, posts, videos итн. LinkedIn анализате е поделена главно во три дела: updates, followers и visitors.

 

Па, која платформа е подобра?

 

На крајот, изборот на соодветна платформа за рекламирање зависи од маркетинг стратегијата и публиката која што се обидуваш да ја достигнеш. Во секој случај, најпогодна опција е да креираш маркетинг кампањи користејќи ги двете платформи, па анализирајќи ги ефектите да дојдеш до заклучок која од нив носи подобри резултати. Доколку сакаш да дознаеш повеќе и да навлезеш подлабоко во светот на social media маркетингот, нашиот курс за платено рекламирање на социјални медиуми е вистинското место за тебе!

 

Пријави се веднаш:
https://rework.mk/courses/20/-fb--instagram--plateno-reklamiranje-na-sotsijalni-mediumi