Која е разликата помеѓу корпоративни комуникации и ПР?

Која е разликата помеѓу корпоративни комуникации и ПР?


Корпоративни комуникации и односи со јавност – два тесно поврзани оддели со скоро иста целна публика и пораки. Двете несомнено зависат едни од други со цел да ја позиционираат организацијата во очите на сите нејзини стејкхолдери, клиенти и потрошувачи.

 

Сепак, постојат одредени разлики кога станува збор за нивната работа. Да разгледаме некои од нив.

 

Корпоративни комуникации главно се занимаваат со писмена, и повремено вербална форма на комуникациј што треба да се спроведе со цел сите засегнати страни да бидат информирани за стратешките цели на организацијата, и вклучува како надворешна, така и внатрешна комуникација, во зависност од пораката и целната публика.

 

Корпоративни комуни користат различни платформи за да ги ажурираат засегнатите страни на организацијата за нејзините активности, како веб страни, брошури, билтени, годишни извештаи, магазини како надворешни алатки и e-mail пораки, соопштенија, записници како форми за внатрешна комуникација. Сите овие алатки се користат за споделување на важни информации за сегашните и идни планови на организацијата.

 

Тука доаѓа улогата на односите со јавноста. Како што и самото име кажува, овој оддел конкретно се занимава со информации што се шират масовно, со цел да се позиционира организацијата, односно брендот во очите на пошироката јавност.

 

Главно, тимот на односи со јавност ги користи надворешните комуникации за да генерира позитивен имиџ на организацијата и користи форми како сооштенија, презентации, јавни активности, социјални медиуми и сл. пред сè со цел создавање на јавен интерес.

 

Многупати, овие два тима тесно соработуваат во однсо на идентификување на надворешната публика и подготвување на соодветни пораки за надворешна комуникација и материјали за објавување.

 

Во секој случај, двата оддели имаат некои заеднички улоги, и тие мора да имаат одредени заеднички карактеристики, и тоа:
• Длабоко разборање за улогата на известувачите и медиумите
• Способност за ефективна комуникација, без оглед дали е вербална или писмена
• Изготвување на стратешки планови за комуникација и ефекасно извршување
• Умешност за решавање на проблеми при соочување со кризни ситуации

 

Важно е да се запамети дека одделите за корпоративни комуникации и односи со јавност во една организација треба да работат поврзано и да разменуваат навремени информации за успешно функционирање. Имајќи го на ум овој факт, многу организации се одлучуваат да ги спојат овие два оддела во еден со цел да обезбедат непречено извршување на активностите.
Взаемно, овие два тима имаат одговорност пред сè при идентифукување на целната публика, начинот на комуникација, како и за содржината, така што нема да има несогласување или двомисленост за која било порака која е пренесена.

 

Доколку се гледаш себеси во некои од овие сектори, твојата диплома од комуникации, новинарство или маркетинг може да те квалификува за вработување како дел од овие оддели. Сепак, добивање на одреден сертификат преку дополнителна едукација може да ја подобри твојата професионална позиција и посакуваност кај работодавците.

 

Нашиот курс за односи со јавност ќе ти помогне да ги усовршиш твоите вештини и да станеш одличен комуникациски експерт!

 

Пријави се веднаш ТУКА

Matea Londza Shumkovska
28/12/2020