Google ADs + Google Analytics = Best Friends Forever 👭

Google ADs + Google Analytics = Best Friends Forever 👭

Светот на маркетингот драматично се промени во последниве години, а Google Ads е една од платформите што ја движат оваа трансформација.

Google Ads е еден од најефикасните методи за платено рекламирање преку Интернет, „Гугл рекламите“ им овозможуваат на компаниите, маркетерите и сите оние кои ги користат Google Ads да стигнат до секој што го користи „Гугл“ за пребарување информации, производи или било какви услуги на Интернет. Кога правилно се користи, Google Ads има потенцијал да го пласира она што го нудите на огромен број на луѓе кои можете да ги таргетирате со вашите реклами.

Преку Google Ads плаќате само за вистински, мерливи резултати, како што се кликови на веб-страни и повици. Овoj начин на рекламирање е познато како PPC (Pay-per-click) што значи дека Google ќе ви наплати само кога некој ќе кликне на вашата реклама. Google Ads ви овозможува огромна контрола врз вашите реклами во однос на пласирањето и таргетирањето на публиките, на пример можете да поставите месечно ограничување на трошењето реклами на одредена кампања што Google автоматски ќе го следи или пак да создадете ласерски таргетирана целна публика, да правите exclude на одредени локации каде што не би сакале вашите реклами да се појавуваат и уште многу други корисни функционалности.

Вo овој блог ќе посветиме повеќе внимание на важноста на поврзувањето на Google Ads со Google Analytics

Google Analytics е еден од најпопуларните софтвери за дигитална анализа. Тоа е бесплатна алатка за анализа на веб-страни на Google што ви овозможува да ги анализирате и најмалите детали за посетителите на вашата веб-страна. Користејќи Google Analyitcs ќе добиете детални и корисни увиди што можат да ви помогнат да ја формирате стратегијата за успех на вашиот бизнис. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, скоро сите бизниси и компании имаат барем некакво присуство на Интернет што значи дека е многу важно за да ја научите внатрешната структура на вашата веб-страна за да видите дали ја остварува својата цел или не, што фукнционира а што треба да се поправи, сево ова е многу лесно да се направи благодарение токму на Google Analytics. Оваа алатка ви овозможува да видите што прават луѓето кога ја посетуваат вашата веб-страна, колку долго се задржуваат и кои делови од вашата веб страна се најпосетувани.

Без оглед дали имате веб-страна за e-commerce или информативен блог, дефинитивно би сакале да го разберете и проучите однесувањето на вашите посетители за да ги подобрите резултати и да ја оптимизирате вашата веб страна.

Во прилог само дел од придобивките зошто треба да користите Google Analytics:

  • Google Analytics е комплетно бесплатно
  • Автоматски ги собира сите податоци кои ви се потребни
  • Лесно се сетира и се поврзува со вашиот Google Ads acc
  • Можете да креирате детални извештаи за перформансите на вашите реклами лесно и брзо
  • Прилично лесно се интегрира со другите алатки и платформи

 

 

Зошто е важно да ги поврзете вашите Google Ads и Google Analytics

Со конектирањето на двата acc. добивате сеопфатен преглед на перформансите на вашите реклами и активноста на посетителите на вашата страна кое може да звучи комлицирано, но потребни ви се само неколку кликања за да ги поврзете и Google ќе се погрижи за останатото.

Кои се придобивките од поврзувањето на Google Ads и Google Analytics?

Целите и акциите кои се пратат преку Google Analytics исто така ќе бидат достапни и во вашиот Google Ads профил. За вас, ова значи дека ќе можете полесно да процените дали вашата реклама добро перформиа и доведува до доволно конверзии / набавки или пак некаде заглавила и треба да претрпи одредени промени. Ова ќе ви даде сеопфатен преглед на ефикасноста на вашата реклама и детален увид во активноста на посетителите на вашата страна како на пример bounce rate, session duration, CPC, CPM и уште многу други корисни информации.

Google Analytics може да направи чуда за вашиот бизнис на повеќе начини, доколку се користи правилно се разбира. Ви овозможува вредни увиди што можат да се користат за подобрување на перформансите на вашата веб-страница и зголемување на конверзиите, ретагетирање итн. И покрај фактот дека има уште многу други платформи за управување со аналитика, Google Analytics останува бесплатно високо релевантно и квалитетно решение за управување со аналитиката на вашата веб-страница.

Една од главната причина што Google рекламите се толку ефикасни и ефективни се податоците кои се добиваат преку Google Analytics и потоа се преточуваат во кампањи скроени според претходно собрани информации зголемувајќи ги шансите рекламите да имаат оптимални перформанси. Сето ова се должи на фактот што Google постои од 1998 година собирајќи ги сите информации кои се пребаруваат и внесуваат во пребарувачот што подоцна во 2005 година резултира со појавувањето на Google Analytics со цел сите овие информации да соодветно да се процесираат и да се искористат на најдобар можен начин. Публиките кои се создаваат и се користат за таргетирањето на реклами со помош на Google Ads се сегментирани во целини, според демографија, возраст, пол, афинитети итн. што досега се покажа како одличен метод на функционирање, нешто што познатиот Arthur Conan Doyle одамна го увидел велејќи:

“While the individual man is an insoluble puzzle, in the aggregate he becomes a mathematical certainty. You can, for example, never foretell what any one man will do, but you can say with precision what an average number will be up to. Individuals vary, but the percentages remain constant”

Fun Fact:

Кампањата на Snickers која сигурно сите ја знаете “Ти не си ти кога си гладен” има доста интересна позадина која ги вклучува Google Ads. Имено, иако е вообичаена практика во светот на PPC рекламирањето да се насочуваат погрешно напишани поими за пребарување, Snickers го однесе ова на едно ново ниво создавајќи список со најдобрите 500 поими за пребарување преку кои потоа, користејќи различни алгоритми, генерира листа од 25.381 различни грешни спелувања на тие поими.

Еве само дел од погрешно напишаните клучни зборови кои Snickers ги користи во кампањата:

[wether], [gool], [ness], [amazin], [definately], [wierd], [vacum], [moonsoon], [publically], [facw]

За само два дена Snickers бележи неверојатни 558.589 импресии на рекламите со CTR (click-through-rate) од 1,05% и 5.874 нови посетители  на нивната мини веб страна за кампањата, yourenotyouwhenyourehungry.com правејќи ја една од најпаметните и најиновативна Google Ads кампања.