InDesign vs. Illustrator

InDesign vs. Illustrator

InDesign vs. Illustrator
Која е разликата помеѓу овие две моќни алатки и во кој случај е подобро да користите некоја од нив?

 

Првиот чекор кон ефикасни, креативни проекти е силно разбирање на спецификите и контрасите на софтверските дизајни. Ние ќе ти помогнеме да го направиш првиот чекор споредувајќи две моќни софверски алатки – InDesign и Illustrator. Двете имаат единствени, корисни функции за дизајн, па еве еден брз преглед на секој од нив, проследен со подлабоко разгледување на нивните сличности и разлики.

 

Adobe InDesign е програма што се користи за креирање како на печатени, така и на дигитални проекти. Ова обично вклучува дизајни на книги, билтени, брошури, весници и е често користена од графичките дизајнери поради тоа што има широк потенцијал за уредување, а повремено ја користат и маркетери.

 

InDesign е програма заснована на вектори, која користи математичка мрежа за мапирање на проектите, што значи дека можеш да ја промениш големината на фајлот, без да го изгубиш квалитетот на сликата. Оваа алатка е одличен избор кога сакаш да креираш повеќе страници кои треба да изгледаат униформирано. Најдобрата функција на оваа алатка е нејзината способност да комбинира проекти од Photoshop и Illustrator , така што е погодна за користење при дизајни на поголеми документи, документи во повеќе страници или PDF презентации.

 

Adobe Illustrator е алатка која се користи главно за креирање на различни графики, како што се илустрации, цртежи, уметнички дела и многу повеќе. Исто како и InDesign, ова е векторска графичка алатка, која конструира слики користејќи различни линии кои креираат форми, но сепак се користи за различни типови на проекти.

 

Illustrator најчесто се користи за дизајнирање на веб страници, логоа и full-page дизајни. Оваа алатка е одлична за употреба кога сакаш да креираш длабока перцепција бидејќи овозможува креирање на повеќе слоеви. Исто така има поголеми можности за цртање од InDesign.

 

Кога станува збор за еднострани документи, особено за печатени проекти, Illustrator има предност. Визит-картички и постери се идеални за Illustrator бидејќи манипулира со големината на сликата и текстот. Исто така, прецизно се справува со визуелните карактеристики.

 

Исто така, Illustrator е вистинскиот избор кога зборуваме за цртање на креативни дизајни. Уметничката табла има повеќе опции и обезбедува многу простор за цртање и создавање јасни дизајни.

 

Една од негативните страни на Illustrator е тоа што не може автоматски да спроведува повеќе страници или броеви на страници, па не е погодна за големи проекти.
Клучен аспект на избор на софтвер за дизајн е одредување на тоа колку тој синхронизира со другите програми. Кога станува збор за интеграциите, InDesign беспрекорно одговара со важни системи.

 

Доколку размислуваш да влезеш во светот на дизајнот, биди сигурен дека знаеш како ефикасно да ги користиш овие две моќни алатки. Разбирањето на нивните суптилни разлики ќе ти овозможи да создадеш силни проекти.

 

Нашата Академија за Графички Дизајн ќе ти овозможи интензивно да ги совладаш техниките и да ги научиш функциите и ќе ти овозможи start point на твојата кариера како дизајнер.

 

Пријави се веднаш ТУКА