Што е контент маркетинг и зошто е важен во дигиталната стратегија?

Што е контент маркетинг и зошто е важен во дигиталната стратегија?

Content marketing.  Посебна дисциплина во дигиталниот маркетинг, фокусирана на создавање и дистрибуција на вредна, релевантна и конзистентна содржина, насочена кон таргетирана публика. Често применувана со цел да се постигне одредена цел, како привлекување внимание, зголемување на свеста за брендот, поттикнување на повисок степен на ангажман и градење односи со клиентите.

 

 

 

Во суштина, контент маркетинг зазема клучна улога во дигиталниот маркетинг, така што ја претставува врската помеѓу бизнисот и клиентите.

 

Иако многумина ја занемаруваат важноста на овој сегмент во дигиталниот маркетинг, сепак, контент маркетинг е многу повеќе од креирање на содржина. Всушност, тој претставува концепт кој тесно ги поврзува креирањето на содржини со нивното разбирање од страна на публиката. Клучната улога на контент маркетинг е да гради односи и доверба помеѓу бизнисот и неговата публика.

 

Но, кој е интегралниот пристап кон контент маркетингот и зошто е толку важен?

 

Постојат бројни перспективи кога станува збор за разбирањето на поимот контент маркетинг, како револуција во современата комуникација. За да се воспостави контекст за разбирање на интегритетот на контент маркетингот, доволно е да се согласиме дека тој се менува, еволуира, станува повеќестран, вклучува се повеќе и повеќе медиуми и алатки и е способен да продуцира одговори, односно да помогне во ефикасна комуникација со таргет публики за време на целото патување на потрошувачите од иницијалната желба или проблем кој сакаат да го решат, па сè до долгорочна соработка и лојалност.

 

Во дигиталната ера, содржината е сè она што е видливо за корисниците на интернет. Тоа е начин бизнисите да комуницираат со клиентите и да им овозможат решавање на нивните проблеми. Тука доаѓа важноста на контент маркетингот.  Токму создавањето на вредна и привлечна содржина е она што ќе ги намами потенцијалните клиенти да кликнат на твојата реклама, ќе ги насочи кон сообраќај на твојата веб страна, за на крајот да ги конвертира во лојални потрошувачи. Квалитетната содржина е императив за продажба на производи и услуги онлајн.

 

Kонтент маркетингот има улога да им помогне на клиентите и интернет корисниците да ги дознаат потребните информации и детали пред да ги потрошат своите тешко заработени пари на интернет. Тоа е најдобриот метод за читање, размислување, анализа и споредба на секој производ или услуга што продавачот ја нуди. Клиентот добива персонализирано внимание од продавачите за нивните проблеми преку професионални содржини.

 

Содржините треба секогаш да се наменети за клиентите и насочени кон тоа како да им помогнат, да им одговорат на нивните прашања и да им помогнат во решавање на некој проблем на одреден начин. Во исто време, содржините треба да бидат забавни за читање, гледање и слушање, а информациите вистинити и релевантни, да имаат вредност и да поттикнат одредена форма на интеракција со публиката.

 

Она што е особено важно е дека треба постојано да се навраќаме и да анализираме која тактика функционира, а која не и зошто е тоа така. Што треба да се промени или дополни за да се оставри саканата интеракција која води кон зацртаните цели.

 

Неколку главни форми на содржина кои најчесто се користат во дигиталниот маркетинг вклучуваат: објави на социјални медиуми, блог постови, email marketing, newsletter-и и сл.

 

 

 

Зошто контент маркетингот е неопходен сегмент од дигиталната стратегија?


Едноставно кажано, контент маркетингот подразбира креирање и спроведување на содржина наменета за остварување на одредена претходно дефинирана комуникациска цел. Па, каква е неговата улога во дигиталната стратегија?
 

- Ја зголемува интеракцијата на социјалните медиуми
- Ја зголемува посетеноста на веб страната
- Поттикнува нови регистрации на твојот newsletter
- Поттикнува онлајн продажби
- Помага во создавањето на твојот бизнис модел
- Помага во генерирање на поквалитетни потенцијални клиенти
- Влијае во подобрување на SЕО стратегијата
- Влијае врз одлучувањето
- Кои се обврските и одговорностите на еден контент маркетер?

 

По дефиниција, контент маркетер е оној кој е одговорен за планирање, креирање и објавување на различни типови на содржина за различни медиуми. Со крајна цел, да се допре до поголем број на луѓе и да се создаде поголема публика од потенцијални клиенти, додека пак веќе потенцијалните клиенти да се трансформираат во лојални потрошувачи.

 

Најважната цел на контент маркетерот е да изгради трајна врска со купувачите, што се остварува преку информирање, едуцирање на публиката и градење на доверба со помош на содржина, со која потенцијалните клиенти ќе го запознаат и засакаат самиот бренд.

 

Добар контент маркетер знае како да ги преточи целите на компанијата во добра приказна и како истата да ја пласира на целната публика.

 

Обврска на контент маркетерот е да ги разбира суштински идеалните клиенти на компанијата и да создаде стратегија во која што ќе ги анализира тие идеални клиенти, нивниот пат до купувањето, но и нив како посебни индивидуи на демографски, психолошки и според начинот на кој се однесуваат. Покрај тоа, контент маркетерот мора биде креативен и да има одлични изразувачки способности.

 

Иако, општо прифатен е фактот дека контент маркетингот е едноставна работа, сепак тоа е специфична област и претставува креативна уметност во изразувањето.

 

Ако сметаш дека имаш креативен дух, одлична способност за пишување, желба за да создавате најразлични типови на содржина тогаш кариерата во контент маркетингот е дефинитивно нешто за кое треба да размислите како возбудлива опција.

 

Доколку сакаш да се стекнеш со екстензивно знаење и вештини на оваа тема, погледни ја програмата на нашиот курс за Content Marketing на линкот подолу:

 

https://rework.mk/courses/29/-conntent-marketing--pishuvanje-sodrzhini-za-sotsijalni-mediumi