
ПР Експерт
Што е ПР и корпоративни комуникации преку реални примери. Она кое што А1 го работи од аспект на интерни и екстерни комуникации е доста напредно, бидејки е дел од голема групација, па така ќе можеш одблизу да слушнеш за активностите кои се спроведуваат
Сертификатот за завршен курс содржи детално објаснување на курсот и вештини кои се стекнати. Исто така со самиот сертификат се зачленуваш во Rework заедницата и добиваш пристап до сите настани организирани од Rework и попуст за курсевите и академиите.
Времетраење: 4 недели
Број на часови: 16
Локација: Козара 4, 1000 Скопје
Контакт: +389 70 399 009
Елена Димовска е магистер за корпоративни комуникации со над 10 години работно искуство во полето на ПР-от и корпоративните комуникации. Во своето богато портфолио има проекти и соработкa со клиенти од различни бизнис сегменти како што се прехранбена индустрија, финансиски сектор, нафтена индустрија, здравствен сектор, образование и многу други. Моментално Елена е Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија, каде што е одговорна за целосната интерна и екстерна комуникација на компанијата. Оние што ја познаваат знаат дека е амбициозна, енергична и динамична и на наше големо задоволство таа е дел од тимот на инструктори во Rework.