Кога зборуваме за Game Development мислиме на процесот на креирање и развој на компјутерски игри. Овој процес започнува со самата идеа или концепт па се до QA и фазата на тестирање по што играта е спремна за масовно користење. Денешните игри се толку развиени што позади нив стојат огромни тимови на луѓе. Тие луѓе се програмери, сценаристи, дизајнери, аниматори, дизајнери на звук, проектни менаџери и продуценти. На овој вебинар ќе дознаеш се во врска со Game Development и како денешните игри стануваат 9тата уметност!